ВАШИОТ ДИСТРИБУТИВЕН
ПАРТНЕР

ЗА НАС

Саманта доо е основана во 1992 година, како приватна трговска компанија и претставува фамилијарен бизнис. Oсновна дејност на компанијата е дистрибуција и трговија на големо со производи за широка потрошувачка, козметички и прехрамбени производи, алкохолни пијалоци и производи од тутун. Речиси 30 години, успешно ги задоволуваме потребите и очекувањата на нашите клиенти и крајни потрошувачи преку достапност на повеќе од 3.000 производи од светски водечки производители.

Многу од брендовите што ги застапуваме се лидери во сопствените категории. Долгогодишната соработка со повеќе водечки мултинационални компании, познавањето на локалниот пазар, како и нашите обучени тимови овозможуваат исполнување на поставените цели, со што се докажавме како кредибилен и долгорочен партнер на нашите соработници.

Нашата Компанија

Го имаме искуството, го имаме знаењето и потребната дистрибутивна мрежа до вистинскиот потрошувач за секој производ. Нашите деловни партнери се потпираат на нас, не само поради логистиката и дистрибутивната мрежа што сме ја создале изминатите 30 години, туку и поради нашето непроценливо искуство и знаење, одлични односи со нашите клиенти, како и флексибилност преку антиципирање на промените на пазарот.

Нашата Мисија

Го редефинираме процесот на дистрибуција преку внесување на нови технологии и решенија за задоволување на побарувачката на пазарот.
Постигнувајќи оперативна извонредност креираме раст и развој преку почитување на нашите вредности и високи стандарди.

Нашата Визија

Развој и дистрибуција на вискоквалитетно портфолио на производи што ќе влијае на подобрување на квалитетот на животот на луѓето.

Нашата Стратегија

Саманта доо останува посветена на градење на довербата затоа што за нас работата е повеќе од бизнис.

  • Патот на успешната дистрибутивна приказна ја започнавме со соработката со мултинационалната компанија Henkel.

    1992

  • Водечки козметички бренд на Балканскиот регион – словенската Козметика Афродита.

    2010

  • Го проширивме портфолиото со производите на светскиот лидер во индустријата на вина и алкохол – француската компанија Pernod Ricard.

    2013

  • Бренд со долгогодишна традиција на Балканот, најновиот член на француската компанијa Nec+Ultra Cosmetics.

    2015

  • Водечки производител на парфеми и парфимирани води во Европа.

    2018

  • Историски италијански тобако бренд Toscanello.

    2018

  • со водечките брендови Еssence и CATRICE поставивме нови стандарди на интернационалниот козметички пазар

    2019

  • Омилениот бренд за коса во Холивуд, што содржи врвни состојки, 100% Cruelty-Free. HASK е најупотребуваниот бренд од Стилистите во филмските сетови и ТВ емисии.

    2019

  • Семеен бизнис и една од водечките компании во производство на здрава храна во Полска и низ целиот свет

    2021

  • Pro Vape SIA е еден од најголемите премиум производители на електронски цигари и течности во Источна Европа, како и на новата генерација на е-цигари Salt Switch и Salt Switch Zero.

    2022

  • Повеќе од 50 години, Paclan константно работи на подобрување на квалитетот на своите производи со цел да го олесни чистењето, одржувањето на домот и готвењето. Paclan води голема грижа за околината и е лидер во технологијата и третманот на пост-потрошувачки отпад за рециклирање.

    2024

НАШИТЕ
УСЛУГИ

Саманта доо нуди вискоквалитетни услуги во полето на дистрибуцијата, логистиката и маркетингот.

Од нашиот оперативен центар во Скопје производите ги дистрибуираме до секое населено место во земјата, до сите клиенти без оглед на нивната големина.

Специјализирани тимови за продажба работат во тесна и посветена корелација со сите наши клиенти, континуирано унапредувајќи ги сите аспекти на продажбата

Нашите маркетинг тимови се целосно посветени на брендовите на нашите партнери, создавајќи атрактивни, иновативни и конкурентски понуди за клиентите и крајните потрошувачи.

ДИСТРИБУЦИЈА

HORECA

Погледнете го нашето HORECA портфолио.

Повеќе

КОЗМЕТИКА

Погледнете го портфолиото за козметика

Повеќе

RETAIL

Сите наши RETAIL брендови

Повеќе

КОНТАКТ

Адреса:
Kacanicki Pat br. 264, Vizbegovo 1000 Skopje, Macedonia
Телефон:
00389 2 2600 077
Еmail:
samantha@samantha.com.mk

Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:

Име и презиме: Слободанка Станишкова

Тел.број: +38971450772

E-mail: slobodanka.radinoska@samantha.com.mk

X