Официјални правила на наградната игра
„ НЕГА НА КОСА ЗА СЕКОЕ ТВОЕ ЈАС”
Член 1
Организатор на наградната игра
Друштво за производство, трговија на големо и мало САМАНТА ДОО експорт импорт Скопје (во понатамошниот текст: „Организатор“), со седиште на ул.Качанички пат бр. 264, Скопје-Бутел, Република Северна Македонија, со ЕДБ МК4030992161605 и ЕМБС 4389638.
Член 2
Име и времетраење на наградната игра
Името на наградната игра е „ НЕГА НА КОСА ЗА СЕКОЕ ТВОЕ ЈАС”.
Наградната игра ќе трае во период од 09.10.2024 г., до 17.11.2024 г.
Член 3
Територија каде што ќе се одвива наградната игра
Наградната игра ќе се одвива на територијата на Република Северна Македонија, во маркетите на TINEKS-MT DOOEL.
Член 4
Наградната игра се организира за да се рекламираат производите на Henkel. Објектите кои учествуваат во наградната игра ќе бидат означени со специјални рекламни материјали на кои јасно ќе се комуницира начинот на учество во наградната игра.
Член 5
Производи што се дел од наградната игра
Henkel производи кои учествуваат во наградната игра се сите производи од брендовите: Palette, Gliss и Taft.
Член 6
Право на учество
Во наградната игра, право на учество имаат сите лица над 18 години, кои се граѓани на
Република Северна Македонија и ги исполнуваат условите на учество (во понатамошниот текст
„Учесници“). Со купување на кои било Henkelпроизводи од брендовите Palette, Gliss и Taft во вредност од минимум 299 денари и повеќе, на една фискална сметка, учесниците ќе може да учествуваат во наградната игра преку пополнување на купон и доставување на истиот во означена кутија во објектот каде што е издадена фискалната сметка. Купувачот е должен да ја чува фискалната сметка со која се подигнува евентуалната добиена награда.
Со учество во наградата игра, учесниците потврдуваат дека ги разбираат условите и се согласуваат со правилата за учество.
Член 7
Механизам на наградната игра
На територијата на Република Северна Македонија, наградната игра ќе се организира за унапредување на продажбата на Henkelпроизводите од брендовите Palette, Gliss и Taft. Секое заинтересирано лице (наведено во Член 6), за да учествува во наградната игра, потребно е да купи било кои Henkel производи Henkelпроизводи од брендовите Palette, Gliss и Taft во вредност од минимум 299 денари и повеќе, на една фискална сметка. Учесниците треба да ја чуваат фискалната сметка, неоштетена, во текот на целата наградна игра и по нејзиното завршување. Добитниците треба фискалната сметка да ја приложат при подигнување на наградата.
– Почнувајќи од 09.10.2024 ќе може да се учествува во наградната игра со пополнување на купон со своите податоци за контакт и доставување на истиот во посебно означената кутија во објектите на наведените ланци на маркет. Со купување на кои било Henkel производи од брендовите Palette, Gliss и Taft во вредност од минимум 299 денари се добива еден купон.
Еден учесник може да учествува во наградната игра со неограничен број на купони, но со користење на различни броеви на фискални сметки (од различни купувања) и со тоа, да ги зголеми своите шанси за добивка на награда. Секоја поединечна фискална сметка може да учествува само еднаш. За секоја награда ќе биде извлечен по еден резервен добитник во случај потенцијалниот да не е валиден.
При испраќање на неточни, нецелосни или невалидни фискални броеви и неисполнување на другите услови за учество (доколку фискалната сметка не е на учесникот, не ја исполнува возрасната граница и слично) учесникот ќе биде дисквалификуван од наградната игра и ќе го изгуби правото на добивање награда.
Правото за учество не е дозволено за вработените на Организаторот, како и нивните блиски членови од семејството (деца, сопружници и родители).
Член 8
Метод за извлекување и објавување на добитниците
Сите купони од соодветниот ланец на маркети се собираат и од нив се извлекува добитникот.
Добитниците на награди во наградната игра ќе бидат извлечени рачно, по случаен избор. Организаторот ќе биде задолжен за регуларноста на наградната игра, регуларноста на извлекувањето на добитниците и ќе даде официјален извештај согласно Законот.
Извлекувањата на наградите ќе се прават според следниот распоред:
| Место на извлекување: | Датум на извлекување: | Период за кој
учесниците влегуваат во извлекувањето |
Награда | Вкупен број на
награди |
| TINEKS-MT DOOEL | 29.11.2024 | 09.10.(време 00:00:01)–
17.11.(време 23:59:59) |
10 x Rowenta термо четка
10 х PHILIPS фен за коса 10 x PHILIPS преса за коса |
30 награди
вкупно |
Јавното извлекување на наградите ќе се одржи во Тинекс ТЦ Зебра ул. Васил Ѓоргов, бр.16, Скопје, на 29.11.2024 година, со почеток од 10 часот, согласно табелата погоре. Наградите ќе бидат извлечени од сите купони пристигнати до периодот наведен во табелата погоре. Во случај извлечениот купон да не ги соджи сите податоци ќе биде извлечен друг купон односно друг учесник. Излекувањето на наградите ќе се врши од страна на претставник на организаторот а исправноста на извлекувањето ќе ја надгледува комисија во состав од: нотар, претставник на организаторот и претставник на маркетот каде ќе се извлекуваат наградите. За текот на извлекувањето ќе се води записник кој го потпишуваат сите членови на комисијата. Сите заинтересирани учесници можат да присуствуваат на јавното извлекување.
Добитниците ќе бидат објавени на интернет страницата www.samantha.com.mk во рок од 3 дена по извлекувањето. Дополнително, организаторот ќе ги контактира добитниците преку телефонскиот број кој е наведен на купонот за учество во наградната игра за да се направи потребната верификација и потврда на добитниците како и преку email адресата наведена на купонот за учество.
Наградите ќе бидат доделени во рок од 30 дена од објавувањето на добитниците, лично, во просториите на организаторот лоцирани на улица Качанички пат бр. 264, Скопје.
Известувањето на добитниците и подигнувањето на награда
Добитниците ќе бидат објавени на интернет страницата www.samantha.com.mk во рок од 3 дена по извлекувањето. Дополнително, организаторот ќе направи напори да ги информира добитниците преку телефонскиот број кој е наведен на купонот за учество во наградната игра за да се направи потребната верификација и потврда на добитниците. Доколку организаторот не е во можност да стапи во контакт со добитникот на телефонскиот број наведен на купонот за учество или преку електорнската адреса во рок од 48 часа по објавувањето, добитникот го губи правото на награда. Правото на награда се пренесува на резервниот добитник.
Обврска на секој учесник е редовно да ги проверува телефонските повици пораки на својот мобилен телефон, а исто така и да биде достапен за добивање на информации во текот на наградната игра.
Доколку учесникот не е достапен или пак не ги достави бараните податоци во рок од 48 часа од моментот на праќање на пораката, од било која причина, за која не е и нема да биде одговорен Организаторот, тој/таа го губи правото на награда и истата се пренесува на првата резерва. Организаторот нема да има дополнителна одговорност кон учесникот.
Добитникот ќе треба да достави документ за идентификација како и фотографија од фискалната сметка која била испратена за учество во наградната игра, каде е наведено купувањето на Henkel производите во вредност од минимум 299 денари и повеќе. Подигнувањето на наградата ќе може да го реализира и друга личност, но само со законско овластување од страна на добитникот, заверено на нотар.
Наградите ќе бидат доделени лично.
При предавањето на наградата, добитникот на наградата е должен да потпише потврда за преземање на наградата и да ја прикаже оригиналната фискална сметка.
Ако се надмине предвидениот рок за доделување на наградите од 30 дена од датумот на објавување на добитниците, подигнување на наградата нема да биде возможно. Според правилата за подигнување на награда, доколку некои од добитниците не ги почитуваат или го надминат наведениот рок, го губат правото на истата.
Наградите кои нема да бидат доделени остануваат во сопственост на Организаторот.
Награди и фонд за награди
Целосната сума за награди изнесува 102,000.00 денари со вклучен ДДВ. Точниот број на награди е: 30. Организаторот не смее да додели повеќе награди од предвиденото или награди од различен тип. Фондот на награди се состои од следниве награди:
| Име и тип на награда | Количина | Поединечна вредност на награда со ДДВ | Вкупна вредност на награди со ДДВ |
| Rowenta термо четкa | 10 |
3.800,00 ден |
38,000 ден |
| PHILIPS фен за коса |
10 40 |
2.900,00 ден 4.237.29 ден |
29,000 ден |
| PHILIPS преса за коса | 10 |
3.500,00 ден |
35,000 ден |
| Вкупен износ | 30 |
102.000 ден |
Целосниот фонд на награди е со вклучен ДДВ.
Член 11
Информирмирање за наградната игра на учесниците
Учесниците ќе бидат информирани за правилата на наградната игра, фондот за награди и условите за учество преку надворешни информативни канали, интернет страницата samantha.com.mk, како и пропаганден материјал на продажните места.
Откако Министерството за финансии на Република Северна Македонија ќе даде одобрување за почеток на наградната игра, официјалните правила на наградната игра ќе бидат објавени на
интернет страницата Samantha.com.mk пред почетокот на истата.
По добиеното одобрение од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија, правилата за наградната игра стапуваат на сила.
Во текот на целото времетраење на наградната игра, сите учесници ќе можат да се обратат на контакт центарот на организаторот 02/2600-077 или на електронска пошта samantha@samantha.com.mk , каде ќе можат да добијат поддршка поврзана со наградната игра, секој работен ден од 09:00 – 16:00 часот.
Член 12
Организаторот е должен да провери дали се исполнети сите услови за учество и дали добитникот ги исполнува сите услови за подигнување на наградата, согласно правилата. По предавањето на наградата, Организаторот нема никаква одговорност кон добитникот на наградата во однос на користењето на истата, освен одговорностите наведени во правилата. Организаторот нема одговорност за достава на наградата и нема да покрие било какви дополнителни трошоци, како што е транспорт или друг тип на трошоци, трошоци за реализација кои не се опишани во правилата или во посебно потпишан договор помеѓу Оранизаторот и добитникот.
Организаторот не е одговорен, доколку добитникот не е во можност да ја подигне или користи наградата.
Резултатите за прогласување на добитниците се конечни. Доколу добитникот сака, може да се откаже од наградата или да ја предаде на друг, согласно законот, но во никој случај не може да ја замени за парични средства.
Член 13
Согласност за користење на лични податоци
Со учество во наградната игра, учесникот се согласува да ги даде личните податоци на Организаторот, за користење при реализација на наградата игра за период од (три) месеци. Организаторот има право да ги користи личните податоци на секој учесник за потребите на наградната игра. Организаторот не смее да ги користи податоците за било која друга намена, која не е во согласност со законот и ќе ги користи само за потребите на наградната игра. Личните податоци на учесниците на наградната игра, ќе се користат само согласно Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на Република Северна Македонија бр.42/20 и 294/2021).
Член 14
Даноци
Даночната обврска на наградната игра ја презема Организаторот. Организаторот гарантира дека доделувањето на наградата ќе биде согласно со правилата.
Член 15
Поднесување приговор
Учесникот во наградната игра, има право да поднесе приговор до организаторот, најдоцна 5 (пет) дена од денот на објавување на добитниците, на е-маил адресата samantha@samantha.com.mk. Организаторот е должен да даде одговор на приговор во рок од 7 дена по добивањето на истата.
Член 16
Деловна тајна
Вработените на Организаторот, се обврзани да ја чуваат следната информација како деловна тајна: податоците на учесникот (нивниот број, нивниот идентитет и други лични податоци), механизмот за организација на наградната игра и финанскискиот дел за работатата на Организаторите. Гореспоменатите информации можат да бидат дадени на трето лице од страна на Организаторот, само на начин предвиден во законот.
Член 17
Прекинување на наградната игра
Наградната игра може да се прекине, при ненадејни виши сили вклучувајќи го случајот кога Организаторот не е во можност да ја организира наградната игра. За прекин на наградната игра прво треба да се добие согласност од Министерство за финансии на Република Серверна Македонија.
Член 18
Законски мерки
Доколку постојат било какви недоразбирања помеѓу организаторот и учесниците на наградната игра, истите ќе бидат решени согласно договорот.
Ако двете страни не постигнат договор, конфликтот помеѓу организаторот и учесниците на наградната игра, ќе биде решен од страна на судот во Скопје.
Скопје 06.09.2024 Управител:
Горан Здравевски
ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДНАТА ИГРА “НЕГА НА КОСА ЗА СЕКОЕ ТВОЕ ЈАС”
Погледнете ја листата на среќните добитници од наградната игра“НЕГА НА КОСА ЗА СЕКОЕ ТВОЕ ЈАС “ – одржана од 09.10.2024 г., до 17.11.2024 г.
Добитниците може да ги подигнат наградите секој работен ден од дирекцијата на Саманта, ул. Качанички пат бр. 264, 1000 Скопје, од понеделник до петок од 8 до 16 часот. При подигнувањето добитникот задолжително треба да носи документ за лична идентификација (лична карта или пасош) и фискалната сметка. Им честитаме на среќните добитници.
Добитници на награда: PHILIPS фен за коса
- Јасмина Челбиева
- Христина Трајкова
- Оливера Милевска Сотировска
- Васка Николова
- Ангела Василевска
- Мартин Крстевски
- Јорданка Богатиновска
- Наташа Јовановска
- Михаела Арсовска
- Зоран Стаменковски
Добитници на награда: PHILIPS преса за коса
- Катерина Стојановска
- Бранка Рамова
- Јордан Ристоски
- Пандора Лазороска
- Ана Путова
- Андреа Алтипармакова
- Моника Димитровска
- Елена Иванова
- Виторио Танески
- Марија Антевска
Добитници на награда: Rowenta термо четка
- Оливера Филипова
- Марија Рафаиловска
- Дафина Атанасоска
- Софија Ковачева
- Елена Китева Ризова
- Сабина Муаремова
- Верка Коцева
- Ивана Арсовски
- Фаница Тренчева
- Веселка Трајкова

